Конфереција: Зајакнување на соработката помеѓу Собранието и НВО-ите во Република Македонија

Конфереција: Зајакнување на соработката помеѓу Собранието и НВО-ите во Република Македонија

Целта на конференцијата беше заеднички да се изнајдат начините за поактивна меѓусебна соработка и да се воспостават правци на меѓусебна комуникација. НВО-и од една страна понудија можни решенија на проблемите што ги имаат при комуникацијата со народните избраници, а пратениците дадоа свои мислења за предностите и придобивките од ваквата соработка.

За да може донесените одлуки реално да ги отсликуваат потребите и состојбата на граѓаните, потребно е нивно вклучување во процесите на донесување на одлуките. Може да се каже дека тоа е повеќе од неопходно, ако се има во предвид стремежот за достигнување на повисок степен на демократија во Република Македонија.

Граѓаните, преку НВОи треба да се залагаат за нивно вклучување и влијание во донесувањето одлуки, кои што влијаат врз нивниот секојдневен живот. Од друга страна, претставниците на законодавната власт треба да соработуваат со НВОи, за да можат да ги користат расположливите ресурси на НВОи, како и за да добијат реална слика за тоа како предложените закони ќе влијаат врз граѓаните. Со еден збор НВОи треба да бидат мост помеѓу граѓаните и Пратениците.

Претставници на НВОи и пратеници во Собранието отворија дијалог за да ги одредат можните начини за подобрување на меѓусебната соработка. Дискусијата се одвиваше за време на Конференцијата на тема:

Зајaкнување на соработката помеѓу Собранието и НВОи

што ја организираа МОСТ и Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ).

Конференцијата се одржа на 07.04.2003 во хотелот Холидеј Ин во Скопје, а присутни беа претставници на 35 НВОи, претседатели на Комисиите во Собранието на Република Македонија и координатори на пратеничките групи.

Извештај од конференцијата

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction