ПРЕЛИМИНАРНА ИЗЈАВА ЗА ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ
30.Окт.2017

Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори со повеќе од 1.000 набљудувачи, со што беа опфатени околу 50% од гласачките места во секоја од општините во кои се спроведуваше втор круг. За набљудување на гласањето на болните и немоќни лица и лицата во домашен притвор беа ангажирани 39 набљудувачи кои ја следеа работата на 47 избирачки одбори, а за гласањето на избирачите во казнено-поправните установи - 12. Исто така, предмет на набљудување беше и работата на Државната изборна комисија и општинските изборни комисии. 

Набљудувачите на МОСТ беа статични и го следеа процесот на гласање во текот на целиот изборен ден. Покрај статичните набљудувачи на гласачките места, Граѓанската асоцијација МОСТ распореди и 45 мобилни тимови, составени од двајца набљудувачи, кои служеа како логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ги набљудуваа оние места на кои МОСТ немаше распоредено статични набљудувачи.

Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека и во вториот круг од локалните избори граѓаните слободно излегоа да го дадат својот глас, а гласањето се спроведе во фер и демократска атмосфера. И овој пат бевме сведоци на брза и ефикасна реакција на институциите во текот на гласањето во однос на забележаните неправилности во, и надвор од гласачките места. Во овој изборен круг исто така беа отстранети техничките предизвици при спроведувањето на гласањето кои беа забележани во првиот круг. Во текот на денот набљудувачите најчесто јавуваа за случаи на групно/семејно гласање и фотографирање на гласачките ливчиња, но мора да се истакне дека фреквенцијата на сите видови забележани неправилности беше намалена, споредено со првиот изборен круг.

Гласањето на болните и немоќни лица пред денот на изборите на оние избирачки места каде што МОСТ имаше свои набљудувачи генерално беше спроведено во согласност со процедурите, освен што еден избирачки одбор не ја носел со себе гласачката кутија, а во неколку случаи не била запазена тајноста на гласањето. Гласањето на лицата во затвор се спроведе со истиот проблем како и во првиот круг, односно поголем број на лица не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список.

МОСТ изразува голема благодарност до сите граѓани кои несебично ги помогнаа напорите на домашно, непартиско набљудување на изборите, како и до сите поддржувачи кои ја помогнаа мисијата на Граѓанската асоцијација МОСТ.

# # # # #

Проектот „Домашно набљудување на локалните избори 2017“ е поддржан од: Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Националниот фонд за демократија и УСАИД преку Националниот демократски институт.

Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.

Read 1153 times
Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction