Повик за обуки за граѓански организации и медиуми

Граѓанската асоцијација МОСТ, во партнерство со Институтот за мас медиуми и комуникации и во соработка со порталот Нова ТВ во рамките на проектот “Медиа платформа за застапување”, организира серија на бесплатни обуки за застапување и истражувачко новинарство, наменети за граѓански организации и медиуми (новинари).

 

Целта на обуките е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во процесот на застапување, зајакнување на улогата на новинарите и нивните истражувачки стории, како и  зголемување на нивната меѓусебна соработка преку спроведување на заеднички кампањи за застапување на интересите на граѓаните.

 

Обуките траат 4 дена, а целокупните трошоци за учество се покриени од страна на организаторот. За учесниците кои доаѓаат од места различни од локацијата на која се одржува обуката, обезбедено е покривање на патните трошоци.

 

До сега беа одржани обуки во 5 плански региони, и тоа: Вардарски, Североисточен, Полошки, Скопски и Југозападниот регион.

 

Распоредот на наредните 2 обуки е следниот:

 

 

Регион

Општини

Датум на

одржување

Локација

Југоисточен

Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица

15.09 – 18.09.2017

Рок на пријавување

11.09.2017

Хотел “Сириус”, Струмица

Пелагониски

Битола, Прилеп, Крушево, Ресен и Демир Хисар

22.09 – 25.06.2017

Рок на пријавување

18.09.2017

Хотел “Филип”, Охрид

 

Повик за обука на граѓански организации и медиуми

Апликација МК

Агенда

Last modified on Friday, 25 August 2017 23:45
Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction