Нападот врз пратениците и новинарите е напад врз демократијата во Република Македонија

МОСТ го поздравува изборот на новиот претседател на Собранието на РМ во текот на вчерашното 20-то продолжение на конститутивната седница. Мнозинството во Собранието има потполно право да овозможи негово нормално функционирање преку завршување на конститутивната седница, односно избор на сите собраниски тела, вклучувајќи и претседател и потпретседатели на Собранието. Само функционално Собрание може да овозможи нормализација на политичкиот процес.

МОСТ најостро го осудува нападот врз дел од пратениците од мнозинството. Слабата, неефикасна и ненавремена реакција на полицијата која овозможи граѓаните да влезат во Собранието е скандалозна и недозволива. Според Уставот на РМ, Собранието е највисокиот орган во државата, а пратениците се директни претставници на граѓаните. Оттаму, нападот врз Собранието, пратениците и новинарите е истовремено и напад врз демократијата во Република Македонија. Ваков чин не смее да се случи во едно демократско општество и претставува вршење на повеќе кривични дела, а за најтешкото од нив е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотно.

Апелираме до граѓаните да бидат сталожени, внимателно и со резерва да ги земаат сите информации кои се објавуваат во медиумите и јавноста, да не подлегнуваат на никакви провокации и да не го попречуваат нормалното функционирање на институциите на системот. Апелираме до Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да покренат истраги за вчерашниот настан, а МВР да ги зајакне безбедносните мерки и да овозможи услови за нормално функционирање на сите државни институции.

Во досегашната историја Република Македонија имаше 3 смени на власта, во 1998, 2002 и 2006 година. Сите овие промени се одвиваа мирно, без никакви проблеми и во согласност со Уставот и законите. 

МОСТ ќе продолжи да ја набљудува работата на Собранието на РМ во делот на исполнување на неговите уставни и законски надлежности.

Read 1110 times
More in this category: « 5 Years MOST 01.12.2007
Template Settings

Color

For each color, the params below will be given default values
Blue Dark_Blue Cyan Purple Green Tomato Yellow

Body

Background Color
Text Color

Spotlight10

Background Color

Footer

Note: Layout Contact-Us is applied only for menu Contact Us and menu About Us.
Select menu
Google Font
Body Font-size
Body Font-family
Direction