Прирачник за употреба на стандардите во ЕЛС
Овој Прирачник е изработен со цел да се олесни работата и процесот на изготвувањето на записниците од одржаните седници на Советите на ЕЛС.
Записникот претставува официјален документ кој се базира на факти и документи и ги содржи основните податоци за работата на седниците, предлозите кои се поднесени, заклучоците кои се усвоени и одлуките кои се донесени во врска со прашањата од дневниот ред.
Квалитетот и обемот на информациите кои се дел од записникот треба да ја обезбедат целосната слика за работата на седниците на Советите на ЕЛС. Овој прирачник е алатка за остварување на законските надлежности на ЕЛС да ги информираат граѓаните за својата работа со што се зголемува транспарентноста и одговорноста на самите ЕЛС, и се воспоставува двонасочен канал за комуникација со јавноста.
Прирачникот, кој е подготвен во соработка со Заедницата на Единиците на Локалната Самоуправа (ЗЕЛС), има за цел да ги презентира стандардите за водење на записници од седниците на советите на ЕЛС и со тоа да придонесе кон унифицирање на записниците на ниво на сите ЕЛС во Република Македонија. Прирачникот се фокусира на
следниве основни стандарди:
1. Евиденција на присуство на седници;
2. Евиденција на излагања на говорници;
3. Евиденција на резултати од гласање.
Прирачникот се состои од практични примери кои најчесто се сретнуваат во анализираните записници од одржаните седници на советите на ЕЛС, како и од објаснувања и препораки за начинот на водење записници од седници на советите на ЕЛС.












